Кремљ е претпазлив во однос на ветувањата на Трамп

Москва гледа на предизборните ветувања на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп со претпазливост, изјави во четвртокот во Њујорк портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Засега може со претпазлив оптимизам, веројатно, да се гледа на зборовите што ги слушнавме од Трамп во текот на предизборната кампања. Тој зборуваше за подготвеноста да разговора, да зборува. Тоа е важно“, изјави  Песков за новинарите во Њујорк, пренесува „Лента.ру“.

Од новата администрација во Вашингтон Москва очекува конструктивни сигнали за соработка. Меѓутоа, засега Русија треба да работи со актуелните власти, истакна портпаролот на рускиот претседател.

„Што ќе биде потоа - ќе видиме. Тоа ќе зависи во голема мера од атмосферата на реципроцитет, која првин мора да настане во тие сурови односи за нашите билатерални врски кои се случуваат сега“, додаде тој.

Претходно Песков изјави дека Русија бара добри односи со САД, но тоа не значи дека сите спорни моменти меѓу двете земји ќе исчезнат за час по доаѓањето на власт на новиот американски лидер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња