Поранешен шеф на Пентагон со совет до Трамп во врска со Русија

Еден од приоритетите на новиот претседател на САД треба да биде „ресетирањето“ на односите со Русија, изјави поранешниот министер за одбрана а САД Чак Хејгл.

„Еден од приоритетите на новиот претседател на САД треба да биде „ресетирањето“ на односите со Русија... Знам дека тоа е тешко. Антируското расположение е многу силно во САД, меѓу другото и кај конгресмените, а антиамериканското расположение, пак, е силно присутно во Русија, работите не беа толку лоши сѐ од Втората светска војна“, рече Хејгел во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.

„Мислам дека идниот претседател нема друг избор. Тоа не е знак на слабост, големите сили комуницираат едни со други. Новиот претседател треба што е можно побрзо да отиде во посета на Европа и Азија и да им подаде рака на нашите сојузници, а потоа да најде соодветна платформа за дијалог со претседателот Владимир Путин. За ова е потребна јасна програма, рече Хејгл.

„Алтернатива ќе биде продолжување на кланицата, поголеми страдања на луѓето и зголемување на притисокот врз Европа. Мислам дека „Брегзит“ беше делумно одговор на проблемот со бегалците. Затоа јас предложив новиот претседател веднаш да формира експертска комисија која би изработила детални препораки во однос на политиката во Сирија, Блискиот Исток и односите со Русија“, изјави Хејгел.

Истовремено поранешниот министер за одбрана на САД истакна дека на новиот претседател мора да му биде приоритет не внатрешната, туку надворешната политика.

Говорејќи во врска со настаните во Сирија, Хејгл ја нагласи потребата за воспоставување на вистинско примирје. „Би ја поздравил одлуката на новиот американски претседател да пружи рака и со Русите, Иранците и Турците да се обиде да најде начин да се спречи систематското уништување на Сирија. Треба да се дејствува врз основа на заеднички интереси. „Исламската држава“ и Ал Каеда се заедничка закана“, рече поранешниот прв човек на Пентагон.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња