Неочекуваната победа на Трамп истовремено е и победа на Путин, пишува главниот коментатор на германскиот весник „Ди Велт“ Торстен Крауел.
„Путин доби американска власт каква што сакаше“, пишува Крауел.
Благодарение на „ВикиЛикс“ и руските хакери, убедено е раководството на американските демократи, Путин го затвори прозорецот кој Хилари Клинтон сакаше да го отвори за американските жени. Сега се на ред Франција и Германија, се вели во текстот.
Во Германија Путин би сакал да се ослободи од уште една жена, а тоа е Ангела Меркел.
Путин сега може да биде сигурен дека Белата куќа нема да го спречува ако се обиде малку да влијае на внатрешната политичка ситуација во Париз и Берлин, смета германскиот аналитичар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче