„Подготвени сме да соработуваме со секој претседател“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.
„Не можам да кажам дека сите претходни лидери на нашите партнери беа во секоја ситуација предвидливи – тоа е дел од животот, дел од политиката. Слушнавме многу зборови, ќе судиме според делата, ќе одговараме на делата со дела“, потенцираше рускиот министер.
Лавров не сакаше да одговори на прашањето дали смета дека Трамп е позитивен за Русија. „Ние не сме наклонети никому, како што кажа претседателот (Путин), ќе работиме со кој било нов претседател на САД кој ќе биде избран од американскиот народ“, истакна шефот на руската дипломатија.
Според него, „оваа позиција останува, не е никако сменета“. „Чекавме да видиме како ќе реши американскиот народ – тоа и се случи“, заклучи Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче