Во однос на ова прашање Москва и Вашингтон се разидуваат во мислењата со Лондон и Париз, чии претставници на седницата на Генералното собрание се заложија за ограничување на правото на вето.
Според заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков, институцијата вето претставува важен фактор кој ги стимулира членките на Советот за Безбедност во барањето балансирани решенија. „Да се наруши правото на вето би било погрешно од историска и политичка гледна точка“, потенцираше тој, пренесува „Лента.ру“.
Од своја страна, заменикот на постојаниот претставник на САД истакна дека Вашингтон продолжува да се залага „против секаква измена во однос на ветото“, а кинескиот дипломат Лу Цеи повика да не се наметнуваат „незрели предлози“ за реформа на Советот за безбедност.
Предлогот за ограничување на примената на правото на вето во ситуации кога се потребни итни мерки за пресечување на масовни злосторства беше првпат изнесен од страна на претседателот на Франција Франсоа Оланд во 2013 година.
Иницијативата не предвидува внесување формални промени во Повелбата на ОН. Се предлага по барање од најмалку 50 земји, Генералниот секретар да ја процени ситуацијата. Ако извршените дела се категоризираат како сериозни кривични дела, на пример геноцид или воени злосторства, ќе важи „џентлменски договор“ за доброволно откажување од примената на вето.
Притоа оваа иницијатива предвидува механизмот да не важи кога се засегнати националните интереси на барем една од постојаните членки на Советот за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче