43% од Русите сметаат дека веројатноста за таква војна е повисока отколку во 70-тите. Двојно помалку има од оние кои велат дека во моментов веројатноста за војна е помала (21%), пренесува „Взгљад“.
6% од Русите претпоставуваат дека веројатноста за војна со НАТО денеска е помала од пред неколку години, а секој четврти (26%) смета дека во овој поглед ништо не е сменето.
65% сметаат дека политиката на Русија во последно време придонесува за намалување на ризикот од голема војна со земјите-членки на НАТО, а 19% се неопределени.
Според испитаниците, руските медиуми кои покриваат меѓународни настани, повеќе претеруваат (19%) отколку што ја минимизираат (7%) заканата од голема војна меѓу земјите-членки на НАТО и Русија.
78% сметаат дека е неприфатливо Русија прва да примени нуклеарно оружје .
Истражувањето беше спроведено на 29-30 октомври меѓу 1000 испитаници во 480 населени места на Русија.
Рускиот претседател претходно изјави дека „Русија нема намера да напаѓа никого,... тоа е незамисливо просто, глупаво и нереално“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче