Медиум: САД сакаат 400 нуклеарни ракети за да ѝ се спротивстават на Русија

Военото воздухопловство на САД сака да вклучи во вооружувањето најмалку 400 интерконтинентални балистички ракети од нова генерација кои можат да ја осигураат безбедноста на САД на подолг рок, односно до 2070 година, пишува магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest).

Военото воздухопловство на САД сака да добие во своето вооружување најмалку 400 интерконтинентални балистички проектили од нова генерација. Според официјални претставници, на армијата ѝ е потребно оружје кое во подолг временски период, до 2070 година и подоцна може да обезбеди заштита на територијата на САД против евентуален атомски напад, пишува „Национален Интерес“.

Конструкторите на новото американско оружје имаат за задача да го модернизираат арсеналот со нуклеарно оружје и да направат замена за застарените ракети „Минитмен“ (Minuteman), пренесува порталот на „ТВ Ѕвезда“.

„Силата на одвраќање треба да биде доволно моќна за ризикот од возвратен удар да биде поголем од желбата на противникот да тргне во атомски напад“, нагласува генерал-потполковник на Военото воздухопловство на САД Џек Вајнстин. 

Тој исто така смета дека по развојот на арсеналот Русија и Кина значително ги надминуваат САД. Тој истакнува дека е неопходно системите за наведување да се подобрат за да може оружјето да одговара на современите борбени услови.

За реализација на плановите на ВВ САД за создавање интерконтинентални балистички ракети од нова генерација ќе бидат потрошени околу 62 милијарди долари. Во моментов се разгледуваат понуди од три компании – „Нортроп“, „Боинг“ и „Локид“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња