Домашните дестинации меѓу најпопуларните во Русија за Нова година

Русија влезе меѓу првите пет најбарани дестинации за Новогодишните празници кај Русите, соопшти Здружението на туроператори на Русија (АТОР) повикувајќи се на водечките домашни туроператори.

Најпопуларни домашни дестинации за Нова година се Краснаја Полјана, Домбај и Приелбрусје, Велики Устјуг, Подмосковје и Карелија. Покрај тоа, туроператорите имаат забележано зголемување на побарувачката за бањските центри во Краснодарскиот крај и на Крим.

Исто така, има голема побарувачка и за топлите земји за кои не е потребна виза - Тајланд, Виетнам, Обединетите Арапски Емирати, Гоа, Куба и Доминиканската Република.

„Добро се продаваат Тајланд, Индија, Шри Ланка. Има побарувачка за тури во Израел - како на море во Ејлат, така и за екскурзии. Гледаме зголемување на побарувачката за Индонезија,... Малдивите, како и за Виетнам“, изјави директорот на Одделот за егзотика на туроператорот „Руски Експрес“ Светлана Давидјук, пренесува РИА „Новости“.

Притоа ниту еден од туроператорите не ја наведе Турција како една од водечките зимски дестинации. Како што забележува АТОР, претходно некои медиуми објавија дека земјата наводно станала лидер во продажбата на Новогодишни тури.

Меѓу водечките ски-центри традиционално популарни се оние во Австрија, Франција, Италија и Бугарија. Исто така, според директорот на Одделот за Европа на туроператорот“ „Руски Експрес" Елена Ермакова, добро се продаваат и турите за  Чешка, Андора и Финска.

Според податоците на „НТК Интурист“, најпопуларни новогодишни датуми за пристигање на дестинациите се 29 и 30 декември, а времетраењето на турите е четири и осум дена.

Според туроператорите, продажбата на турите засега е иста како и минатата година, но се очекува пораст на продажбата со приближувањето на Новата година, изјавија од АТОР.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња