Руските авиони сејат ужас за милитантите во Алепо

Сириските милитанти ја снимија својата „средба“ со авион на ВКС Русија во Алепо.

На интернет се појави видео од „блиска средба“ на терористите во Алепо со авион на Воздушно-космичките сили на Русија, пренесува „Русвесна.су“.

На кадрите терористите се греат до мал оган зад земјени насипи кои ги штитат од шрапнели.

Еден од нив вели дека се приближува руски ловец:

„Алах уекбер, Русите се овде“, вели терористот зад камерата.

Останатите се загледуваат во небото и веднаш над нив се слуша звук на воен авион на ВКС Русија, по што терористите во ужас се разбегуваат на разни страни, паѓаат на земја и ги испуштаат садовите.

<>

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња