Продолжува прекинот на операциите на руските ВКС во Сирија

Режимот на прекин на операциите на руските ВКС во Сирија продолжува, претседателот Владимир Путин смета дека е соодветно да се одржи таквиот режим во источно Алепо, изјави портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков.

„Хуманитарната пауза како таква имаше јасна временска рамка. Но, режимот на прекин на операциите на руските ВКС продолжува. Одлуката е донесена во согласност со позицијата на претседателот Путин, кој имено го услови продолжувањето на таквиот режим со непродолжувањето на борбените операции на руските ВКС“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за понатамошните дејствија на Русија во Сирија по хуманитарната пауза, пренесува „Взгљад“.

Портпаролот на шефот на руската држава истакна дека ако милитантите не прибегнуваат кон активни офанзивни дејствија, таквиот режим ќе продолжи.

„Претседателот смета дека е соодветно да се продолжи таквиот режим начин во кој руските ВКС не нанесуваат удари врз источно Алепо“, истакна Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња