Захарова: Операцијата на коалицијата во Мосул е како средновековна кланица

Дејствијата на коалицијата предводена од САД во Мосул доведуваат до смрт на цивили, не е разработен никаков план за нивно спасување, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова.

„Контратерористичката операција што ја спроведуваат големите сили на XXI век се претвори во една средновековна кланица, во која пред сѐ страда цивилното население“, напиша Захарова на „Фејсбук“. Цивилите гинат како од терористите, така и од силите кои им се спротивставуваат, а притоа коалицијата нема план за спасување на цивилите, ниту хуманитарни коридори, ниту пак систематичност во евакуацијата на населението, истакнува Захарова.

Според неа, присутна е „апсолутно информативна блокадата" од страна на коалицијата: „Нема никаква јасност дали напредуваат или се повлекуваат коалициските сили, колку е ефикасна тактиката што се користи, колкави се загубите на страните, колку имало летови и кој ги извршил“, пишува Захарова понатаму. Постои чувство дека е дадена команда да се блокираат сите информации за активностите на коалицијата, истакнува таа.

Операцијата за ослободување на Мосул, во која учествуваат ирачките и курдските сили поддржани од коалициската авијација, започна вечерта на 17 октомври. Според податоците на Меѓународната организација за миграција, во последните две недели од операцијата повеќе од 16,5 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња