Асад: Русија не бара ништо од Сирија

Помина малку повеќе од една година откако Русија се вклучи во антитерористичката кампања во Сирија. Тоа време, според претседателот на Сирија Башар Асад, не е залудно потрошено. Благодарение на заедничките активности на Дамаск и Москва, 70% од населението е под заштита на државата.

„За нас ова е светска војна, но светска војна против Сирија. Десетици земји се против нас, ги снабдуваат терористите со пари и транспорт“, објасни Асад во интервју за „Сандеј Тајмс“.

Тој потенцира дека во оваа „светска војна“ тој има малку сојузници, но сепак има – на пример, Русија. „Акциите на руската војска се базираат на два принципа: принципот на моралот и на меѓународното право. Дури и ако тие имаат свое гледиште, тие велат: „Ова е ваша земја, вие знаете подобро“. Тие никогаш не се обиделе да се мешаат и ништо не бараат од нас“.

Според Асад, причините поради кои Русија ја поддржува сириската влада се јасни. „Тие знаат дека ако Сирија ја изгуби војната против тероризмот, тероризмот ќе дојде во Европа, а тоа ќе влијае не само на Русија, туку и на остатокот од светот“, истакна сирискиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња