Пушков: САД ја легализираат сајбер-војната против Русија

Заканата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден дека ќе изведе сајбер-напад врз Русија може да се смета за политичка легализација на сајбер-војната, изјави членот на Комитетот за одбрана на Советот на Федерацијата Алексеј Пушков.

„Заканите на Бајден и „протекувањето“ за реципрочни мерки на САД пат на „хакерските напади на Русите“ личат на начин за политичка легализација на сајбер-војната против Русија“, напиша Пушков на „Твитер“.

Претходно, Бајден изјави дека Вашингтон „ќе одговори“ на хакерските напади во кои е наводно вмешана Москва. Според зборовите на Бајден „Путин ќе дознае за тоа кога ние ќе решиме и под околности во кои тие ќе имаат најдобар ефект“.

Претходно Ен-Би-Си објави дека американските хакери кои работат за владата на САД извршиле упад во руската инфраструктура и „командниот систем на Кремљ“, и така ги направиле ранливи на напади доколку САД одлучат дека тоа е потребно, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња