„Уште од почетокот на кризата во Украина, Русија се обидува да влијае врз германската јавност со помош на намерна пропаганда. Нема сомневање дека како што се доближуваме до изборите во 2017 година Москва ќе ги интензивира своите напори“, изјави Бек во интервју за „Хафингтон Пост“.
Според неа, „руската пропаганда“ е насочена кон ослабување на германската канцеларка Ангела Меркел и зајакнување на позицијата на социјалдемократите, бидејќи тие ја поддржуваат политиката за релаксација на односите со Москва.
Покрај тоа, според неа, на Русија ѝ одговара Германците да ја прифатат нејзината позиција, гледајќи закана од НАТО и САД. Според Бек, таквата позиција е веќе многу популарна меѓу „левиот и десниот дел од партискиот спектар“ во Германија.
Пратеничката, исто така, зборува и за успесите на „руската пропаганда“, која успеала да ги „разоружа“ германските медиуми. Поради многубројните поплаки телевизиските канали почнаа многу попретпазливо да известуваат за настаните во Украина. На крај, уредниците сѐ повеќе престануваат да вметнуваат во програмата вести во врска со војната во Донбас, заклучува Бек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче