Во Русија се одбележува Денот на народното единство

Овој датум е посветен на сеќавањето на настаните од 1612 година, кога борците на народната војска под водство на Минин и Пожарски ја ослободиле Москва од полско-литванската окупација.

Денот на народното единство во Русија се слави на 4 ноември. Овој датум е посветен на споменот на настаните од 1612 година, кога борците на народната војска предводена од Минин и Пожарски ја ослободиле Москва од полско-литванската окупација, пренесува ТВ „Центар“.

Денес ширум Русија се одржуваат масовни манифестации. Една од најголемите е маршот во центарот на Москва, под слоганот „Ние сме единствени!“. Маршот ќе заврши со голем концерт.

Претседателот на Русија Владимир Путин утрово положи цвеќе на споменикот на Минин и Пожарски на Црвениот плоштад, по што заедно со Патријархот Кирил го откри споменикот посветен на светиот кнез Владимир на Боровицкиот плоштад. пазарот.

Во чест на Денот на народното единство рускиот претседател на вечерниот прием ќе додели на странски државјани ордени за зајакнувањето на мирот, пријателството, соработката и разбирањето меѓу народите.

Денот на народното единство се слави од 2005 година и е еден од најновите руските празници.

Според црковниот календар овој ден се слави како празник на Казанската икона на Пресвета Богородица. Оваа икона водачот на востанието Пожарски ја добил од Казан и таа била покровител на народната војска.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња