На интернет е објавена снимка од експлозијата на руски хеликоптер кој принудно слета во Сирија.
На снимката се гледаат два хеликоптери и две оклопни возила (кои очигледно им припаѓаат на спасувачките единици). Еден од хеликоптерите полетува, а вториот, Ми-35, во тој момент експлодира, пренесува „Взгљад”.
Според податоците од арапските социјални мрежи, инцидентот се случил на истокот на провинцијата, но Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека хеликоптерот принудно слетал во провинцијата Хама, на 40 километри оддалеченост од Палмира. Според информациите од воениот ресор, местото на слетувањето било гранатирано од терористите. Екипажот не е повреден и е итно префрлен со спасувачки хеликоптер во базата Хмејмим.
Според некои податоци, руските војници самите ја предизвикал експлозијата на хеликоптерот за да не им го остават на терористите.
Терористичката организација „Исламска држава” тврди дека во гранатирањето наводно загинале руски војници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче