Медведев: Клинтон и Трамп да разговараат за проблемите на САД

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев потенцираше дека претседателските избори во САД на 8 ноември се внатрешни избори на САД, а не на Русија или Кина.

Кандидатите за претседател на САД би требало во нивните изборни кампањи повеќе да се концентрираат на внатрешните проблеми на земјата, а не да ги заплашуваат гласачите со надворешни закани. Вакво мислење искажа премиерот на Русија Дмитриј Медведев во интервју за Централната телевизија на Кина.

Запрашан за тоа што мисли Медведев, зошто во американската изборна кампања многу често се споменуваат Русија и Кина, премиерот на РФ не даде детален одговор, велејќи само дека ова прашање се однесува само на САД: „Тоа се нивни внатрешни избори, а не избори во Кина или во Русија“.

„Идејата е дека тие треба да зборуваат за своите внатрешни проблеми, наместо да користат некакви хорор приказни“, посочи рускиот премиер.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 8 ноември. За местото шеф на државата се борат кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон и на Републиканската партија Доналд Трамп. И двајцата кандидати во предизборната реторика редовно се навраќаа на темата Русија. Притоа, ако републиканците се резервирани во врска со изгледите за развој на односите, демократите имаат отворено ја нарекуваат политиката на Москва закана за американските интереси, изјавуваат за наводно мешање на Руската Федерација во изборната кампања и повикуваат на одвраќање на Русија, вклучително и преку продолжување на притисокот со санкции.

Официјалните претставници на Руската Федерација на различни нивоа, вклучително и на ниво на рускиот претседател Владимир Путин повеќепати ги негираа обвинувањата, нарекувајќи ги неосновани и изразуваа жалење поради тоа што односите меѓу Русија и САД се жртвуваат поради предизборната трка, пишува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња