Официјално земјите-членки на ЕУ истапуваат како обединет фронт со санкции и остра реторика кон Русија. Зад сцената, не постои такво единство, вели авторот на статијата Јонас Гумесон.
Тој потсетува дека пред последниот самит на ЕУ многумина бараа нови санкции против Русија - овојпат поради Сирија. Немаше никаков резултат, забележува авторот. Санкциите поради Украина и Крим остануваат, меѓутоа, многу земји од ЕУ се залагаат за отфрлање на таквата политика.
Според Гумесон, од 2014 година 20 од 28-те земји на ЕУ испраќаа свои делегации во Москва на чело со претседатели на владите или други министри за средба со руските власти. „Свенска Дагблагет“ состави листа на овие земји, користејќи неофицијални податоци од Брисел. На пример, со рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа шефовите на шест европски земји - Чешка, Франција, Кипар, Австрија, Финска и Грција.
Покрај тоа, финскиот претседател Саули Нииниесте го прими рускиот претседател во својата летна резиденција минатото лето.
На ниво на премиери во посета на Москва беа уште шест земји од Европа: Словачка, Германија, Италија, Бугарија, Унгарија, Луксембург. Меѓу нив - сојузниот канцелар на Германија Ангела Меркел.
Уште осум земји, пишува Гумесон, испратија во рускиот главен град министри за надворешни работи - Шпанија, Велика Британија, Словенија, Холандија, Ирска, Латвија и Португалија.
Новинарот укажува дека за само две години вакви посети имало околу 40, односно, официјалните претставници на некои земји ја посетиле Русија повеќе од еднаш.
На тој начин, податоците добиени од Брисел велат дека Русија воопшто не изгледа како земја која се наоѓа во изолација.
Тој забележува дека Шведска е една од ретките европски земји која ги замрзна односите со Русија по настаните од 2014 година, сепак, министерот за надворешни работи Маргот Валстром веќе има истапено за обнова на контактите со Москва. Слична изјава даде и премиерот Стефан Левен.
Во еден од своите неодамнешни говори претседателот на Русија Владимир Путин ги нарече смешни изјавите за меѓународна изолација на Русија. „Тие немаат доволно возила и бензин за да ги поминат сите граници на Русија“, рече шефот на руската држава, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче