Во службите кои одговараат за заштита на САД не ја исклучуваат можноста „дека Русија ќе прави проблеми на денот на изборите“ за претседател на Соединетите Американски Држави, пишува „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на неименувани претставници на американските власти.
Меѓу другото, Министерството за национална безбедност тврди дека во последно време Русија ја „скенира“ државната база на податоци и системите за гласање, пишува американскиот весник.
„Не е јасно дали се обиделе да навлезат во нив“, вели еден од изворите.
„Американските разузнавачки служби не сметаат дека Русија може преку сајбер-напади да влијае на резултатите од претседателските избори во вторникот, но предупредуваат дека Москва може да се обиде да интервенира по гласањето за да предизвика сомневање во вистинитоста на резултатите“, смета весникот.
„Вашингтон Пост“ пишува дека Белата куќа разгледува разни мерки како одговор на наводните сајбер-напади во Русија, но американската администрација планира да го почека завршувањето на претседателските избори.
Според информациите на „Вашингтон Пост“, Вашингтон не сака „да ѝ остави на Москва време да нанесе уште поголема штета последните денови од кампањата“. Покрај тоа, смета весникот, Белата куќа смета дека по изборите „ќе се намали заканата од Русија“. Според неименувани претставници, американската администрација „неволно се согласува на ескалација што може да доведе до сериозни последици за идниот претседател“.
„Одлуката на администрацијата веројатно ќе зависи од тоа што Русите ќе преземат претстојните денови. Напад со цел да се осуетат изборите веројатно ќе предизвика поагресивна реакција на САД, велат официјалните лица“, се вели во статијата.
„Вашингтон Пост“, исто така, истакнува дека властите во земјата разгледуваат опции како што се „протерување од САД на голем број на наводни соработници на руските разузнавачки служби, воведување нови економски санкции против руските структури поврзани со хакерите, како и можноста за вршење сајбер-напади врз руски компјутерски мрежи“.
Новинарите потсетуваат дека претседателот Барак Обама веќе дозволил да се работи на хакирање на системот на Иран „но тој не сака да оди по тој пат, тврдат соработниците“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче