Руски и американски воени претставници во четвртокот во текот на видеоконференција дискутираа за безбедноста на летовите во Сирија, соопшти за „Интерфакс“ одделот за информирање и масовни комуникации при Министерството за одбрана на Русија. Видеоконференцијата се одржа по иницијатива на американската страна, изјавија од Министерството за одбрана на РФ.
„Дискутирани се дополнителни мерки за безбедност на активностите на " ВКС Русија и авијацијата на коалицијата предводена од САД во сирискиот воздушен простор“, изјавија од рускиот воен ресор.
Дискутирано е за исполнување на меморандумот од 20 октомври 2015 година за разбирање за спречување на инциденти и безбедноста на летовите на авијацијата во текот на спроведувањето на операциите во воздушниот простор на Сирија.
„Страните разменија мислење за настаните по последната одржана видеоконференција, а кои се однесуваат на реализација на меморандумот“, изјавија од МО РФ.
„Руските и американските претставници ја истакнаа важноста од продолжување на контактите во наведениот формат. Постигнат е начален договор за следна видеоконференција во декември 2016 година“, изјавија од Министерството за одбрана на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче