МО РФ ги обвинува САД за напади врз станбени квартови во близина на Мосул

Американското воено воздухопловство пред неколку дена извршило напади врз станбените квартови на градот Хамам ел Елил во близина на ирачкиот град Мосул, соопшти началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб Сергеј Рудској.

Американското воено воздухопловство пред неколку дена извршило напади врз станбените квартови на градот Хамам ел Елил во близина на ирачкиот град Мосул. Како резултат на бомбардирањето настрадале цивили, а била оштетена и џамија, соопшти началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб Сергеј Рудској.

„САД продолжуваат да вршат ракетни напади и бомбардирање врз станбените квартови како во Мосул, така и во другите населени места на ирачката провинција Најнава. На 26 октомври авионите на ВВ САД извршија напад врз станбените квартови во централниот дел на градот Хамам ел Елил, кој се наоѓа на 20 километри југоисточно од Мосул“, изјави рускиот генерал, пренесува РИА „Новости“.

Според Рудској, на 31 октомври масовно биле бомбардирани и густонаселените квартови на Базвај и Гогиели, кои се наоѓаат на 14, односно на 9 километри од Мосул.

„На влегувањето на ирачките владини сили во населеното место Гогиели, кое е предградие на Мосул, му претходеа значителни разрушувања на станбениот сектор како резултат на нападите на коалицијата“, додаде претставникот на Генералштабот.

Владината армија на Ирак заедно со одредите за самоодбрана на ирачките Курди и со поддршка од коалицијата предводена од САД од 17 октомври спроведуваат операција за ослободување на Мосул од милитантите на ИД кои го контролираат градот од 2014 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња