МНР РФ објасни за „Белата книга“ за Сирија

Русија презентираше во Советот за безбедност на ООН „Бела книга“ за активностите на САД во Сирија кои резултираа со голем број жртви меѓу цивилното население, како и деструкција, изјави на брифингот за новинарите портпаролот на руското МНР Марија Захарова.

Русија презентираше во Советот за безбедност на ООН „Бела книга“ за активностите на САД во Сирија кои резултираа со голем број жртви меѓу цивилното население, како и деструкција, изјави на брифингот за новинарите портпаролот на руското МНР Марија Захарова.

Таа објасни дека се работи за фотоматеријали од воените акции кои беа спроведени од САД и нивните сојузници во Сирија. „Списокот од тие фотоматеријали е основата на „Белата книга“ за Сирија која беше поднесена од руската страна во СБ ООН“, соопштиЗахарова.

Портпаролот на МНР РФ исто така изрази чудење од реакцијата на Стејт департментот на САД кој изјави дека знае за „Белата книга“, но дека нема да ја коментира. Притоа, истакна Захарова, Стејт департментот посветува внимание  на „подготвените од нога“ материјали на „Сириската опсерваторија за човекови права“ и други сомнителни организации.

„Нејзините материјали се анализираат и коментираат и се презентираат како неоспорни факти. Токму така Стејт департментот ги користи материјалите на „Белите шлемови“ и други сомнителни невладини организации, а изборот на документирани докази кој беше подготвен официјално и предаден во својство на официјален документ во Советот за безбедност на ОН, одбива да го коментира. Зошто е тоа така – апсолутно е нејасно“, изјави дипломатот, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња