На почетокот на октомври Асанж преку видеомост во Берлин вети дека до крајот на годинава ќе објави „важни податоци“ за владите на три земји и за изборите во САД. Во средата на сајтот се појави 26 дел од доверливата преписка на Подеста. Од штабот на Клинтон соопштија дека организацијата ги добила документите од Русија.
„Кампусот на Клинтон успеа да предизвика таква неомакартистичка хистерија дека Русија е виновна за сѐ. Хилари Клинтон повеќепати даваше лажни изјави дека 17 разузнавачки агенции на САД дошле до заклучок во своите процени дека Русија била извор на нашите објави. Тоа не е вистина“, изјави Асанж во интервју за Џон Пилџер кое беше прикажано на РТ.
Основачот на „Викиликс“ наведе дека му е „жал за Клинтон“ затоа што во неа гледа човек кој „се јаде од амбиција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче