„Адмирал Григорович” ќе ја засили руската бродска група покрај Сирија

„Се работи за универзален брод кој може да врши ракетни напади на големи растојанија како врз морски, така и врз копнени цели. Тој исто така ќе биде интегриран во општиот ПВО систем на руската бродска група“, истакна извор.

Најновата фрегата на Црноморската флота „Адмирал Григорович”, вооружена со ракети „Калибар”, исплови во четвртокот од Севастопол во Средоземното море, каде ќе ја засили руската формација покрај брегот на Сирија, соопшти извор во воените структури на Крим.

„Најновата ракетна фрегата на Црноморската флота „Адмирал Григорович“ денеска испловува од базата и тргнува кон Средоземното море, каде ќе влезе во состав на формацијата на руските бродови покрај бреговите на Сирија“, изјави неименуваниот извор, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, пристигнувањето на „Адмирал Григорович” ќе биде „значително засилување“ на руската бродска група.

„Се работи за универзален брод кој може да врши ракетни напади на големи растојанија како врз морски, така и врз копнени цели. Тој исто така ќе биде интегриран во општиот ПВО систем на руската бродска група. За посадата на бродот тоа ќе биде добра практика за функционирање во услови на боева служба“, истакна изворот.

На полигонот на Црноморската флота припадниците на морнарицата веќе поминаа артилериски вежби и одбивање напад од воздух, како и работа со поморската авијација и противподморничките хеликоптери, додаде изворот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња