Во Москва затворени просториите на „Амнести Интернешенел“

Московската канцеларија на организацијата за човекови права „Амнести Интернешенел“ (Amnesty International) беше затворена од страна на градските власти.

Во рускиот главен град градските власти ја затворија канцеларијата на организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“’. Властите изјавуваат дека биле прекршени условите за плаќање на киријата. 

„Утринава ( 2 ноември) нашите службеници открија дека вратата на канцеларијата што ја  изнајмуваме од „Мосгоримушчество“ повеќе од 20 година е запечатена, залепена е хартија во која се наведува дека објектот е сопственост на субјект на Федерацијата и без претставник на сопственикот од редовите на одделот за градски имот на Москва да не се отвора“, изјави раководителот на руското претставништво на организацијата Сергеј Никитин за агенцијата ТАСС.

Никитин изјави дека не ја знае причината зошто канцеларијата била запечатена. „Никакви објаснувања не добивме, на телефонот наведен на документот со кој е запечатена вратата никој не одговара, никакви писма во врска со канцеларијата немаме добиено, а киријата ја плаќавме редовно“, изјави тој.

Уште еден претставник на организација за човекови права Иван Кондратенко напиша на својата страница на Фејсбук дека, соочени со запечатена врата, вработените почнале да се јавуваат во одделот за градски имот на Москва, „но и таму засега ништо не знаат“.  „Ние ги плаќавме сметките редовно сите дваесет години – ова е првата и засега единствената канцеларија на „Амнести“ во Русија“, пишува Кондратенко.

Од своја страна градските власти во соопштението за медиумите тврдат дека организацијата направила „значителни прекршувања на условите за плаќање на киријата“ и Одделот за градски имот го известил закупецот за потребата во текот на месецот да го уплати долгот. Во соопштението не е наведено времето кога властите го испратиле ова известување до АИ, сепак, се истакнува дека во случај на неплаќање на заостанатите долгови договорот за наем се раскинува по три месеци. „Наведената претензија од страна на несовесниот закупец чесни беше игнорирана“, соопшти одделот. Како резултат на тоа, велат властите, договорот е прекинат, а просториите се затворени и запечатени.

За ситуацијата околу канцеларијата на АИ во средата беше запрашан портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, меѓутоа, тој изјави дека не знае што се случило. „Првпат слушам од вас, апсолутно не располагам со никаква информација во врска со ова“, им одговори портпаролот на новинарите.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња