Руска десантна единица на воена вежба во Србија

Меѓународната тактичка воена вежба „Словенско братство 2016“ ќе се одржи од 2 до 16 ноември во близина на Белград и во неа ќе учествуваат единици на вооружените сили на Русија, Белорусија и Србија.

Повеќе од 200 падобранци од Русија и Белорусија пристигнаа во Србија заради учество во меѓународната воена вежба „Словенско братство 2016“, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

Меѓународната тактичка воена вежба „Словенско братство 2016“ ќе се одржи од 2 до 16 ноември во близина на Белград и во неа ќе учествуваат единици на вооружените сили на Русија, Белорусија и Србија.

„Повеќе од 150 војници на единицата за специјални намени на Ивановската бригада на ВДВ и околу 50 падобранци од мировната единица на Витебската бригада на Силите за специјални операции на Република Белорусија во три Ил-76МД пристигна на воениот аеродром Батајница, кој се наоѓа 25 километри од Белград“, информира руското Министерство за одбрана, пренесува РИА „Новости“.

Министерството за одбрана прецизираше дека по пристигнувањето во Србија руските и белоруските падобранци ќе реализираат 35-километарски марш до српската бригада за специјални намени во околината на Панчево.

Првите воени вежби „Словенско братство“ беа реализирани минатата година на полигонот „Раевски“ во близина на Новоросијск. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња