Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу донесе одлука да воведе во Алепо уште една хуманитарна пауза. Режимот на прекин на огнот ќе важи во градот на 4 ноември од 9-19 часот. Ова го соопшти началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов.
Според Герасимов, оваа одлука е донесена „за избегнување на бесмислени жртви“ по налог на претседателот Владимир Путин. Началникот на Генералштабот истакна дека хуманитарната пауза е договорена со сириското раководство.
„Сите претходно подготвени хуманитарни коридори во Алепо од страна на рускиот Центар за помирување ќе работат за извлекување на цивилното население и милитантите“, додаде Валериј Герасимов, пренесува РИА „Новости“.
Хуманитарната пауза во Алепо важеше од 20 до 22 октомври. За извлекување од градот руската и сириската војска организираше осум коридори: шест за цивили и два за милитантите. Терористите одбија да ги напуштат своите позиции и со закани за ликвидација им забранија на цивилите да си заминат од градот.
Сириските владини сили на 23 октомври ја обновија офанзивата на југот на Алепо. Според различни процени, во источните делови на градот остануваат околу седум илјади терористи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче