Москва чека од НАТО одговор на иницијативата за обнова на соработката

Москва е загрижена поради политиката на НАТО за одвраќање на Русија и чека конкретен одговор на иницијативата за продолжување на соработката со Алијансата, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Ние повеќепати имаме кажано дека нема да ги затвориме вратите. Нема нерешливи проблеми во нашите односи со Западот доколку има добра волја кај сите страни. За да го прекинеме сегашниот негативен тренд, неопходно е да се откажеме од порочната логика на постигнување резултат по секоја цена, да да наметнуваме тесногради договори и шеми на соработка без да се земат предвид интересите на партнерот. Ние очекуваме од НАТО-вците конкретен одговор на нашите иницијативи за обнова на соработката“, изјави Лавров во Атина на церемонијата на која му беше доделена титулата почесен доктор на науки на Пирејскиот универзитет.

Како што изјави министерот, „особена вознемиреност предизвикува курсот што го зазеде НАТО за одвраќање на Русија кој води до поткопување на стратешката стабилност на европскиот континент“. „Кон нашите граници се движи воена инфраструктура, се префрла опрема и сили, се зголемува бројот и обемот на воените вежби, не запира изградбата на системот за противракетна одбран. Тажно е што НАТО избегнува професионален дијалог со Русија“, изјави министерот. 

„Кај нашите западни партнери, кои беа во еуфорија по крајот на Студената војна, преовладеа ноторната линија на одбивање рамноправен дијалог, на освојување геополитички простор, или поинаку кажано, на поделба на народите на „наши“ и „ваши“.  Кулминација на таквата политика стана поддржаниот од страна на САД и низа европски земји неуставен државен удар во Украина“, истакна Лавров.

„За жал, сериозна пречка на патот на понатамошното зајакнување на нашите односи е иницираната не од нас криза во односите меѓу Русија и Европската унија. Често мораме да го слушаме, како на политичко, така и на експертско ниво, тврдењето дека Москва е виновна за актуелната напрегнатост на континентот.

Лавров исто така потсети дека Русија секогаш изразува подготвеност за зближување со Европската унија во наширокиот спектар на прашања, од воведување на безвизен режим до формирање на вистински цврст енергетски сојуз.

„Ние дадовме конкретни предлози наменети да се направи нашето партнерство навистина стратешко, што им одговарало на заедничките интереси. За жал, во оваа област не можеме со ништо да се пофалиме“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња