Украина ќе ја повика ЕУ да се откаже од рускиот гас

Украина следната недела ќе обиде да усвои резолуција со која се повикува ЕУ да се откаже од половина од обемот на руски гас што го увезува, како и од „Северен тек 2“. Без оглед на тоа што ЕУ одамна се обидува да ја претстави економската соработка со Москва како закана за безбедноста на сојузот, сепак нема можност во најкраток рок да ги спроведе идеите на Киев.

Според информациите на „Известија“, Врховната рада на Украина следната недела има намера да донесе соодветна резолуција. Основа за документот, според предлагачот – претседателката на комитетот украинскиот парламент за надворешни работи Ана Гопко – е „руската агресија на истокот на Украина и во Алепо, која треба да биде запрена“.

Украинските парламентарци сметаат дека намалувањето на испораките на гас и запирање на реализацијата на проектот „Северен тек 2“ ќе бидат за Русија фактор на одвраќање.

Сепак, таквата иницијатива е тешко веројатно да биде поддржана. Ова е мислењето на вишиот истражувач во одделот за глобална безбедност во Центарот за истражувања во сферата на безбедноста (CSS) на Швајцарската виша техничка школа во Цирих д-р Северин Фишер.

„Некои членки на ЕУ веќе подолго време се обидуваат да ја запрат реализацијата на „Северен тек 2“. Но ова прашање е во надлежност на Европската комисија и само таа може да го оценува проектот од гледиште на имплементација на европското законодавство. Притоа не мислам дека во сегашно време гасниот сектор може да биде цел на санкциската политика против Русија“, изјави Фишр.

Покрај тоа, според него, проектот стана симбол на диверзификацијата на гасната политика на ЕУ.   

Според заменик-директорот на Фондот за национална енергетска безбедност Алексеј Гривач, украинската иницијатива има малку допирни точки со реалноста, затоа што ЕУ нема со што да го замени рускиот гас. Таквата задача може да се реализира дури по 10-15 години.

На 27 октомври во Германија беа испорачани првите челични цевки за гасоводот „Северен тек 2“. Согласно планот за изградба, пред нивното поставување во 2018 година, половина од цевките треба да бидат бетонирани и распоредени на терминалите кои се наоѓаат по должината на трасата на гасоводот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња