„Ние ги делиме загриженоста и шокот (на специјалниот пратеник на ОН за Сирија) Стефан де Мистура во врска со бруталното гранатирање на цивилните области во западниот дел на Алепо од страна на бунтовниците“, се вели во соопштението на „Твитер“ на постојаното претставништво на Русија. „Членките на МГПС кои имаат влијание врз бунтовниците треба да го искористат за да запре неселективното гранатирање“.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура изјави дека е „шокиран и потресен“ од фактот дека опозицијата во Алепо го избира за своја цел цивилното население во градот, пренесува Би-би-си.
Во последните 48 часа во западниот дел на Алепо за време на „немилосрдните и недискриминирачки“ ракетни напади беа убиени десетици цивили, изјави де Мистура. Таквите напади може да бидат прогласени за воени злосторства, додаде тој.
На 28 октомври борците на таканаречената умерена опозиција го обновија гранатирањето на западните предградија на Алепо, кои се под заштита на сириската војска, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче