Руската амбасада во Велика Британија на својот „Твитер“ профил во саботата објави две карикатури и им ги испрати на „Економист“, „Фајненшел Тајмс“ и репортерот на Би-Би-Си Даниел Сендфорд. А тоа е чиста провокација, смета германскиот весник „Билд“.
На едната карикатура е нацртана силна самоуверена мечка која стои во поза на победник пред Европејците и им ги покажува своите бицепси. Европа е претставена како заграден свињарник за некакви исплашени касички-прасички. На влезот во свињарникот пишува „Еврозона“, но најглавно е тоа што над Европа се виори меѓународното знаме на хомосексуалците, пишува изданието.
If Russia is in decline, why worry? Maybe, real worry is West's decline and that we manage things better?
Симболиката е јасна, продолжува весникот. Русија е држава во развој, а Западот со своите либерални вредности има многу проблеми. Пропагандистичката порака на Русија е следнава: Западот е премногу отворен за хомосексуалците.
На втората карикатура Русија (повторно силна мечка) чекори смело кон терористот кој го држи целиот свет како заложник. Зад мечката се гледаат и други фигури. Некои во боите на американското знаме. Сите тие бараат мечката да се контролира и му викаат: „Без прекумерно насилство! Какво право си зема тој?! Не треба да се брза, можеби терористите се умерени...“
Power&control at the heart of West.intern.policy.?? intervened in Syria to save the day for all,when nobody else could face terrorists down
Со други зборови, Русија го исмева западниот многу внимателен однос спрема терористите на „Исламската држава“ во Сирија. Руската амбасада во Лондон под овие карикатури додава: „Власта и контролата во центарот на западната надворешна политика. Русија реагираше во Сирија за да ја спаси ситуацијата кога никој не можеше да им се спротивстави на терористите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче