Медиум:Новиот претседател на САД нема да ја реши сириската криза без Москва

За администрацијата на новиот претседател на САД приоритетна задача мора да биде решението на кризата во Сирија, смета аналитичарот на „Национален Интерес“ Амитај Ециони. Белата куќа мора барем привремено да се откаже од идејата за соборување на Башар Асад, смета тој, и да сфати дека проблемот во регионот не може да се реши без Русија.

Политичкиот аналитичар на „Национален Интерес“ смета дека Вашингтон мора пред сѐ да се откаже од идејата за насилна промена на режимот во Сирија. Во текот на граѓанската војна во Сирија, американската влада инсистираше на тоа дека услов за преговори е заминувањето на Башар Асад. Овој став се базира на неоконзервативната теорија според која САД имаат мисија да ги соборат сите режими кои стојат на патот на демократијата и врз претпоставката дека во секој случај владеењето на Асад не трае долго, вели Ециони.

„Но, се покажа дека Асад се задржа на власт и продолжува да победува И пред сѐ научивме - о, колку неочекувано! - дека кога барате од лидер на некоја земја да се повлече, тој од тоа се откажува. Покрај тоа, никој не објаснува зошто САД сметаат дека наследникот на Асад ќе биде во нешто подобар од него“.

Амбициозниот Вашингтон се обидуваше да се најде либерални, прозападни бунтовници и да направи од нив свои сојузници. Но, се покажа дека тие луѓе не се ни толку слаби, а и не многу либерални, пишува Ециони.

Друга причина зошто САД мора да ги променат своите приоритети е Русија, продолжува авторот. Некои луѓе мислат дека следниот претседател на САД ќе ја предизвика Москва и „ќе ја избрка од Украина и од Блискиот Исток“.

„Но, руските власти се силно заинтересирани за зачувување на сирискиот режим. Затоа што кога САД го окупираа Ирак, Москва изгуби една од ретките земји на Блискиот Исток врз која имаше влијание. Потоа дојде редот на Египет. Сирија е единствениот сојузник на (со исклучок на Иран) во регионот. И единственото место во Средоземното Море, каде што Русија има своја поморска база и воен аеродром“.

„За Русија задржувањето на Асад на власт е поважно отколку што е за САД смената на сирискиот претседател“, смета Ециони. „Згора на тоа, независно дали тоа ни се допаѓа или не, не постои начин да се стави крај на граѓанската војна без соработка со Русија. Ова е уште една причина зошто САД мораат да му дозволат на Асад да остане, доколку тој се согласи на мир и почне да се договара за поделба на земјата“.

„Вашингтон мора да сфати дека е неопходно прецртување на мапата на Сирија и Ирак. Курдите како единствени вистински сојузници на САД заслужуваат своја автономна област, па дури и држава. Ирачките сунити исто така мора добијат автономија и право да формираат своја сопствена војска. Сирија мора да стане федерална држава. Ќе биде полесно да се уништи „Исламската држава“ кога различни воени групи ќе сфатат дека ќе имаат свое место во федеративна Сирија“, убеден е авторот статијата во „Национален Интерес“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња