Mедиуми: Русија испрати три подморници со ракети „Калибар“ кон Сирија

Подморниците се приклучиле на групата бродови предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

На групата бродови на руската воена морнарица во Средоземното Море, предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, `и се приклучиле три подморници опремени со крстосувачки ракети, објавија британските медиуми, повикувајќи се на извори во Кралската морнарица на Велика Британија.

Според изворите, британската Кралска морнарица регистрирала минатата недела движење од базите во Мурманската област до Атлантикот на две повеќенаменски нуклеарни подморници од класата „Ајкула" според класификацијата на НАТО (руска класификација – „Штука-Б“) и еден дизел-електрична од класата „Кило“ („Варшавјанка“), опремени со крстосувачки ракети „Калибар“.

Во моментов, сите три подморници се приклучени на групата на „Адмирал Кузнецов“, движејќи се кон источниот дел на Средоземното море покрај брегот на Северна Африка, соопштија изворите во Кралската морнарица на Велика Британија.

Според британската војска, токму со крстосувачките ракети, со кои се опремени руските подморници, групата бродови ќе врши напади врз цели во Сирија, истакнуваат британските медиуми.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња