Советот за безбедност на ООН „на најсериозен начин“ го осуди последното гранатирање на амбасадата на Русија во Дамаск, се наведува во соопштението на Советот за безбедност на ООН кое го предложи Русија.
„Членките на Советот за безбедност на најсериозен начин го осудуваат последниот минофрлачки напад од 28 октомври врз амбасадата на Русија во Дамаск (Сирија) во кој е причинета значителна материјална штета“, се наведува во соопштението, пренесува РИА „Новости”.
Претходно Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека амбасадата на Русија во Дамаск претрпела материјална штета во гранатирањето кое дошло од реон под контрола на антивладините сили. Во нападот никој не е повреден. Москва соопшти дека очекува меѓународна реакција на овој настан.
Советот за безбедност истакна дека поради „фундаменталниот принцип на заштитеност на дипломатските и конзуларните установи и обврските на државата во која се наоѓа дипломатското претставништво” треба да бидат преземени потребните мерки за заштита на дипломатската мисија од напади и оштетувања, што го гарантираат Виенската конвенција за дипломатски односи и Виенската конвенција за конзуларни односи.
Руската амбасада во Дамаск беше гранатирана и на 3 октомври, по што Русија предложи резолуција со осуда на овој настан. Тогаш САД го блокираа овој предлог во Советот за безбедност на ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче