Русија не стана членка на Советот за човекови права на ООН

Русија по гласањето не влезе во состав на Советот за човекови права на ООН.

Резултатите во групата од Источна Европа покажаа дека Русија добила глас од 112 земји, додека повеќе од неа добија Унгарија (144 гласови) и Хрватска (114 гласови).

Резултатите ги коментираше првиот човек на Советот за човекови права при претседателот на РФ Михаил Федотов. Според него, тоа е штета, „но не е катастрофа“. „Многу ми е жал што Русија не доби место во Советот за човекови права на ООН, но тоа нема никаква врска со прашањето за состојбата со човековите права во земјата, туку се однесува исклучително на меѓународните односи“, објасни тој, пренесува „Лента.ру“.

Во текот на гласањето во Генералното собрание на ООН, беа определени 14 нови земји-претставнички на СЧП. Покрај Унгарија и Хрватска, во Советот влегоа и Бразил, Велика Британија, Египет, Ирак, Кина, Куба, Руанда, Саудиска Арабија, САД, Тунис, ЈАР и Јапонија. Овој состав ќе работи две години, од 2017 до 2019 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња