МО РФ раскажа за искуството од примената на хеликоптерите во Сирија

Искуството од примената на воените хеликоптери во Сирија овозможи да се изработат нови пристапи за заштита од ПВО на противникот, изјави началникот за борбена обука на армиската авијација на ВКС генерал-мајор Олег Чесноков.

„Карактеристиките на примената на армиската авијација во секој локален конфликт, вклучително и на сегашната во Сирија, детално се анализираат. Се откриваат силните и слабите страни како во подготовката на екипажите, така и во експлоатацијата на авијациската техника – во зависност од географијата на исполнување на задачите и околностите на ситуацијата. Најдени се и одработени нови тактички пристапи за совладување на ПВО средствата на  противникот и решавање на борбените задачи“, изјави Чесноков, пренесува РИА „Новости“.

Чесноков додаде дека врз основа на оваа анализа во Центарот за боева примена на армиската авијација во Торжок се препораки за екипажите кои се упатуваат во војската и „се земаат предвид во текот на понатамошната боева планска подготовка“. Во операциите против терористите учествуваат екипажи на бомбардерите од стратешката авијација Ту-160, Ту-95МС, Ту-22М3, ловците-бомбардери Су-34, повеќенаменските ловци Су-30СМ, фронтовските бомбардери Су-24, јуришните ловци Су-25, воено-транспортните авиони Ил-76, воздушните танкери Ил-78, како и јуришните и транспортни хеликоптери на армиската авијација.

Денеска во Русија се одбележува Денот на армиската авијација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња