МНР РФ: Русија е подготвена за нови хуманитарни паузи во Алепо

Русија е подготвена за нови хуманитарни паузи во операцијата за ослободување на сирискиот град Алепо, но бара тие да се користат за помош на цивилното население, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов укажа дека прекините во борбените дејствија повеќепати биле искористени од милитантите на радикалната опозиција за прегрупирање и засилување.

„Подготвени сме да го продолжиме хуманитарното затишје, хуманитарните паузи, но очекуваме тие да се користат за навистина да му се помогне на цивилното население, да се извлече преку хуманитарните коридори“, изјави Гатилов, пренесува РИА „Новости“.

„Хуманитарните коридори остануваат. Шест хуманитарни коридори, и нашата војска е подготвена на секој начин да помогне тоа хуманитарно извлекување да биде обезбедено“, изјави заменик-министерот за надворешни работи.

„Но, овде има една многу сомнителна работа, затоа што хуманитарните паузи се користат од опозицијата, од радикалните исламисти за да се прегрупираат, да добијат дополнителна оддишка, да добијат дополнително засилување и потоа да продолжат со напредувањето. Против тоа ние, се разбира, сме категорично против“, потенцираше тој.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња