Руската војска изврши успешно тестирање на хиперсонично летало, познато под ознаката „производ 4202“, соопштува „Известија“.
Лансирањето се одржа во рамките на гаѓањата од реонот Домбаровски во Оренбургската област до камчатскиот полигон Кура и стана прво во целост успешно тестирано оружје кое може да развие брзина до 15 Маха (7 км/сек).
„Производот 4202“ треба да послужи како замена за традиционалните боеви глави на идните интерконтинентални балистички ракети. Маневарот кој хиперсоничното летало го прави пред да дојде до густите слоеви на атмосферата значително го отежнува неговото пресретнување од страна на средствата за противракетна одбрана, истакнува изданието.
Леталото е произведено од целосно домашни компоненти, пишува „Известија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче