Виктор Колбановски, директор на московскиот Балкански центар за меѓународна соработка зборува на Руско-грчкиот форум за меѓурегионална и меѓуопштинска соработка.
Говорејќи на руско-грчкиот форум за меѓурегионална и меѓуопштинска хуманитарна соработка организиран од „Россотрудничество“ во рамките на Годината на културата РУСИJA-ГРЦИЈА 2016, директорот на московскиот Балкански центар за меѓународна соработка Виктор Колбановски го потенцираше зголемувањето на улогата на невладините организации во развојот на односите меѓу Русија и Грција, Србија, Бугарија и другите земји од балканскиот регион.
Според него, „овој вид на соработка во рамките на граѓанското општество овозможува доволно успешно братските народи од балканските земји и Русија да го надминуваат вештачките бариери наметнати однадвор. На ваквите форуми и средби, каде што се раѓаат нови иницијативи и проекти во сферата на економијата, културата, туризмот и соработката на меѓуопштинско и меѓурегионално ниво и во информативната сфера. Притоа иницијативите кои ги генерираат невладините организации често се вклучуваат во дневниот ред на политичките партии и здруженија кои, исто како и невладините организации, ја формираат општествената основа на граѓанското општество“.
„Би сакал да го потенцирам растечкото значење на балканскиот регион во руската надворешна политика и на нивото на меѓупартиската соработка. На втората етапа од 15 Конгрес на партијата „Единствена Русија“ што се одржа во јуни во Москва, балканските политичари претставуваа повеќе од една третина од вкупниот број на делегати поканети од целиот свет. А централен настан на меѓународната агенда на Конгресот на партијата беше потпишувањето на декларација со десет балкански политички партии“, заклучи Колбановски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче