Путин одговори на критиките на операцијата во Алепо

Рускиот претседател смета дека е лицемерно да се зборува само за цивилните жртви во Алепо, а да се игнорираат жртвите во Мосул, Авганистан, Јемен. Изборот е едноставен: или ќе престанеме да се бориме против тероризмот, или ќе продолжиме да се бориме, обидувајќи се да го минимизираме бројот на жртвите меѓу цивилите, изјави Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин одговори на критиките на операцијата во Алепо од страна на Западот.

„Сакам да реагирам на работи кои се апсолутно точни: Камбаните во Финска бијат за загинатите во Алепо. Но, ајде сега да заѕвониме и за мртвите во реонот на Мосул, каде што почнува операцијата (на ирачките сили со поддршка од коалицијата на САД). Мислам дека таму терористите веќе стрелаа над 200 луѓе надевајќи се дека ќе ја запрат офанзивата врз градот. А во Авганистан? Во еден напад на авијацијата се ликвидирани цели свадби од 120 луѓе. Заборавивме ли на тоа? А она што се случува сега во Јемен? Камбаните треба да бијат за сите невини жртви“, изјави Путин на пленарната седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи.

„Цело време слушаме: Алепо, Алепо, Алепо... Што е проблемот? Сакаме да оставиме таму терористичко гнездо, или, во обид да ги минимизираме жртвите, правејќи сѐ за да избегнеме цивилни жртви, сепак да го уништиме тоа гнездо. Ако не треба ништо да се допре, тогаш не треба да се напаѓа ни Мосул. Ајде да оставиме сѐ како што си е. Ајде на ја гибаме Така. Затоа што цело време слушаме од нашите западни партнери: „Треба да се нападне Рака, треба да се уништи тоа гнездо на тероризмот“. Но, во Рака живеат и цивили. Значи ли тоа дека, кога тие некаде во градовите ќе земат заложници, ние ќе треба да ги оставиме на мира? Земете го примерот на Израел, Израел никогаш не работи така и опстојува благодарение на тоа. Но, всушност, и не постои избор. Треба да се бориме. Ако постојано ги напуштаме позициите, секогаш ќе губиме“, изјави рускиот претседател, пренесува „Взгљад”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња