МНР РФ негира дека Русија бомбардирала училиште во Идлиб

Русија нема никаква врска со нападот врз училиште во Идлиб во Сирија во кој загинаа 22 деца и шест учители, изјавија од МНР РФ.

Како што соопшти МНР РФ, во моментов Министерството за одбрана на Русија ги проучува податоците од објективната контрола во врска со трагедијата во Идлиб, пренесува„Взгљад“.

Како што изјавија од рускиот надворешнополитички ресор, сите меѓународни институции треба итно да се вклучат во истрагата на оваа трагедија.

МНР РФ исто така истакна дека дејствијата на коалицијата предводена од САД грубо ги крши нормите на меѓународното право и сѐ повеќе ја дестабилизира ситуацијата во Сирија.

Претходно во четвртокот извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк изјави дека како резултат на напад врз училиште во сирискиот град Идлиб загинале 22 деца и 6 учители. Според него, најверојатно се работи за најсмртоносен напад врз училиште во Сирија од моментот на почетокот на конфликтот во земјата во 2011 година.

Како што соопшти телевизијата „Ал Џезира“, сириски борци за човекови права блиски до опозицијата ја сметаат Русија одговорна за воздушниот напад.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња