Русија и Бугарија потпишаа договори за регулирање на долгот за АЕЦ „Белене“

Русија и Бугарија, во согласност со одлуката на Меѓународниот арбитражен суд во Женева потпишаа два договори за порамнување на долгот поврзан со проектот за АЕЦ „Белене“. Ова го соопшти министерката за енергетика на Бугарија Теменужка Петкова по средбата со првиот заменик-шеф на државната корпорација „Росатом“ Кирил Комаров.

„Денеска потпишавме договори за конечно усогласување на ставовите во врска со одлуката на Меѓународниот арбитражен суд за проектот „Белене“ во кој страни се „Националната електрическа компанија“ (НЕК) и „Атомстројекспорт“ (Атомстройэкспорт), изјави Петкова, пренесува РТ на руски.

Министерката додаде дека НЕК се обврзала да го плати до 15 декември во целост износот според арбитражната одлука. За возврат, „Атомстројекспорт“ се откажува од барањата за камата на тој долг, кој до 15 декември ќе изнесува 23 милиони евра.

Тендерот за изградба на АЕЦ „Белене“ во Бугарија, објавен во 2005 година, го доби рускиот „Атомстројекспорт“. Договорот за изградба на станицата беше потпишан на 29 ноември 2006 година. Сепак, на крајот на март 2012 година бугарската влада објави дека го прекинува проектот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња