Путин: организаторите на блокадата на Крим се „неверојатни идиоти“

„Ме изненадија луѓето кои живеат на Крим, нивната реакција на она што се случува, нивната храброст, желбата да се борат за своите интереси“, рече Путин.

Коментирајќи ја енергетската блокада и прекинот на снабдувањето со вода на Крим од страна на Украина, претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тоа е „на работ на злосторство против човештвото“ и дека оние што го направија тоа се „неверојатни идиоти“.

„Што се однесува до прекинот на снабдувањето со вода, или акциите во врска со прекинот на снабдувањето со електрична енергија, сето тоа е на работ на злосторство против човештвото: да се земе мошне голем регион со неколку милиони жители (2,6 милиони луѓе живеат на Крим) и да им се исклучи струјата во текот на зимата“, изјави шефот на руската држава на регионалниот „Форум на дејствување“ на Општорускиот народен фронт, пренесува „Взгљад”.

„Нашите организации за заштита на човековите права како да си ги наполниле устите со вода или си го проголтале јазикот, па молчат, а всушност се работи за сериозно злосторство“, истакна Путин.

„А болниците? А децата? А старците? Тоа е многу сериозна работа. Сите молчат небаре така треба“, заклучи рускиот лидер и додаде: „На крајот на краиштата, Господ нека им е напомош“.

Рускиот лидер со учесниците на Форумот ги сподели своите чувства за ова прашање.  „Ме изненадија луѓето кои живеат на Крим, нивната реакција на она што се случува, нивната храброст, желбата да се борат за своите интереси“, рече Путин.

Тој ги оцени потезите на оние кои го прекинаа снабдувањето на Крим со струја: „за оние го сторија тоа, тоа е таква глупост. А што очекуваа, воопшто не можам да сфатам. Дека сите ќе паднат на колена и ќе молат за струја. Неверојатно едноставно! Неверојатни идиоти“.

Во ноември 2015 година украински екстремисти толерирани од властите ги уништија далноводите кои го снабдуваат Крим со електрична енергија. Полуостровот извесно време беше без електрична енергија. На Русија ѝ беа потребни шест месеци да спроведат четири линии од енергетскиот мост до Крим и на тој начин да го обезбедат регионот со електрична енергија.

Видеото со настапот на Путин можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња