Според конструкторите, професорот Владимир Дегтјар (генерален конструктор) и главниот конструктор на „Сармат“ д-р Јуриј Каверин, новиот ракетен систем ќе обезбеди гарантирано и ефикасно извршување на задачите за нуклеарно одвраќање.
Новата ракета „Сармат“ треба да биде замена за една од најмоќните руски интерконтинентални балистички ракети „Воевода“. Притоа новата ракета ќе може да носи потешка боева глава, а исто така ќе има и поголем дострел. „Сармат“ ќе има и наведување без оглед на примената на системите за антиракетна одбрана. Како што истакнуваат некои експерти, руската ракета едноставно „нема да ги забележи“ средствата за ПВО на противникот насочени против неа, пишува „Рамблер.ру“.
Фактот дека Русија презема „адекватни возвратни мерки“ како одговор на распоредувањето на американскиот систем за ПРО неодамна отворено го соопшти првиот заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, генерал-потполковник Виктор Познихир. Тој во Пекинг укажа на плановите на САД за распоредување на ракети „Стандард 3“ на копно и море кои се способни да пресретнуваат руски и кинески интерконтинентални балистички ракети на почетокот на нивната траекторија на лет.
„А тоа е веќе директна закана за нуклеарниот потенцијал на Русија и Кина, чии балистички ракети ќе бидат неутрализирани пред да се одвојат боевите глави од носачите“, истакна тогаш генерал Познихир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче