НАТО ја критикува Шпанија поради руски бродови

НАТО со критика за Шпанија поради нејзината одлука да дозволи руската борбена група предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ да вплови во пристаништетот Сеута.

НАТО ја критикува Шпанија поради тоа што дала дозвола групата бродови на Воената морнарица на Русија да влезе во шпанско пристаниште за да наполни гориво и да се снабди со потребните залихи, пишува британски „Гардијан“.

Според информациите на шпанскиот весник „Ел Паис“, Министерството за надворешни работи на Шпанија донело одлука да ја ревидира дозволата откако Северноатлантската алијанса, чија членка е земјата, го изразила своето незадоволство.

„Гардијан“ додава дека поранешниот командант на Воената морнарица на Велика Британија Алан Вест ја нарекол одлуката на Мадрид да ги пушти бродовите во пристаништето „неверојатна“ во услови на антируските санкции.

Руските бродови, предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, како што се очекува, треба да впловат во пристаништето Сеута на 26 октомври.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња