Без оглед на фактот што „Хермес“ официјално се нарекува противтитенковска ракета, тоа е универзален производ способен да неутрализира широк спектар на цели, вклучувајќи градби, теренски утврдувања и жива сила на противникот, пишува „Взгљад“.
„Во моментов е подготвена мала серија на ракети кои треба да се тестираат на хеликоптерите Ка-52“, изјави информиран извор во рускиот воено-индустриски комплекс. „Испитувањата во борбени услови ќе помогнат во оперативниот развој на ракетниот систем кој треба да стане стандардно вооружување на руските воени хеликоптери „Алигатор“.
Претходно беше планирано тестирањата на „Хермес“ да се извршат на хеликоптерите Ка-52 кои се веќе во воздухопловната база Хмејмим. Поради некои проблеми со оперативниот развој на ракетите, сега е одлучено „Хермес“ да бидат тестирани во посложени услови на брод.
Како што изјави главниот и одговорен уредник на интернет проектот MilitaryRussia Дмитриј Корнев, најновата ракета „Хермес“ е опремена со комбиниран систем за наведување кој може да открие непријателски цели дури и во најнеповолни временски услови.
Според експертот, брзината на руската наведувана ракета речиси е како на хиперзучната. „Двостепенската конструкција на „Хермес“ во многу нешта е унифицирана со конструкцијата на антиракетниот систем „Панцир С“, изјави Корнев.
Во моментов само еден противтенковски ракетен систем – израелскиот „Спајк-НЛОС“ (Spike-NLOS) може да се неутрализира цели на растојание од неколку десетици километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче