Пентагон: Русија не е вклучена во планирањето на операцијата во Рака

Прашањата за соработка се решаваат по воени канали кои се отворени секојдневно.

Претставниците на руската група во Сирија не се вклучени во процесот на планирање на операциите на силите на меѓународната коалиција предводена од САД против „Исламската држава“ во сирискиот град Рака, изјави на прес-конференција во Париз министерот за одбрана на САД Ештон Картер.

Тој истакна дека прашањата поврзани со соработка со руската група многу ефикасно се решаваат по воени канали кои се отворени секојдневно и работат многу професионално на двете страни, изјави Картер на прес-конференција по средбата во францускиот главен град на министрите за одбрана на земјите-членки на меѓународната коалиција предводена од САД.

Претходно медиумите соопштија дека САД изразиле подготвеност за соработка со Турција при подготовката на воената операција во сирискиот град Рака, пренесува ИА „Регнум“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња