„Важно е да се одговори, но да не се реагира прекумерно, тоа го правиме како одговор на распоредувањето на „Искандерите“ во Калининград“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел, пренесува РИА „Новости“.
Претходно руското Министерство за одбрана ги потврди информациите за распоредување на мобилните ракетни системи „Искандер-М“ во Калининградската област. Според портпаролот на министерството Игор Конашенков, „никој не правеше голема тајна од транспортот на системите“, згора на тоа, „еден Искандер“ беше намерно поставен под американски шпионски сателит за прецизирање на параметрите на работа на ова вселенско летало“.
Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, од своја страна, изјави дека со распоредувањето на оружје во Калининград, Русија дејствува на своја територија, додека САД распоредуваат оружје во Источна Европа, која не е американска територија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче