Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери се договорија во текот на телефонскиот разговор да продолжат да бараат начини за нормализација на ситуацијата во сириски Алепо на експертско ниво, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ.
„Повторно е акцентирано дека САД треба да ја исполнат својата обврска за одвојување на одредите на „умерената опозиција“ ориентирана кон Вашингтон од терористичките групации. Договорено е да се продолжи по експертска линија да се бараат начини за нормализација врз таа основа на ситуацијата во Алепо“, истакнува МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, како што се соопштува, страните дискутирале и за други меѓународни теми, вклучително и за ситуацијата во Ирак и за други аспекти на билатералните односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче