Претходно британски „Индепендент“ соопшти дека повеќе од 80 организации побарале исклучување на Русија од Советот за човекови права на ООН поради дејствијата на Москва во Сирија. Поборниците за заштита на човековите права го покренаа ова прашање пред петочното гласање во рамките на Советот за човекови права на кој Русија, Унгарија и Хрватска ќе се борат за правото да ја претставуваат Источна Европа.
„Чесно кажано, нам повеќе би ни импонирало доколку тие организации се однесуваат поактивно во однос на ѕверствата кои неколку години ги вршат во Сирија милитантите-терористи“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето каков се однесува Москва спрема повикот за нејзино склучување од Советот.
„Доколку тие организации би биле исто толку постојани и решителни во осудата на работењето на овие терористи и во поддршката на оние кои се борат со тие терористи, тогаш тие би изгледале, нивната работа би ни се чинела нам поубедлива и подостоверна“, додаде портпаролот на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
Одговарајќи на прашањето дали Русија има намера да стори нешто во врска со тоа, затоа што можат да ја исклучат од Советот за човекови права на ООН, Песков потенцираше: „Го кажав тоа што сакав да го кажам“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче